еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Македонија2025 доделува шест стипендии за кариерно усовршување на извршни директори и менаџери во САД

Меѓународната невладина организација Македонија2025 го објави повикот за аплицирање на престижната Програма за извршни директори – Зафировски, преку која се доделуваат стипендии за светски познатата Келог-школа за менаџмент (Kellogg School of Management) во САД.

Кандидатите ќе имаат можност да изберат помеѓу две тринеделни обуки: програма за развој на извршни директори или програма за корпоративно управување.

Програмата за развој на извршни директори се фокусира на подобро разбирање на окружувањето во кое се одвива бизнисот, клучните функционални области на управување, развој и спроведувањето на корпоративната и деловната стратегија.

Програмата за корпоративно управување ги унапредува вештините на менаџерите за управување со раст и водење на компанијата низ предизвиците и можностите на современиот глобален пазар и влијае врз натамошен лидерски развој на учесниците со цел раст на компаниите.

Програмите за обука на извршните директори се дизајнирани во чекор со постојаните предизвици и комплексноста на современото лидерство. Тие ќе ги обноват и надоградат веќе стекнатите вештини на македонските бизнис професионалци и ќе придонесат кон понатамошниот развој на македонските компании, а со тоа и на целокупната економија.

Повикот е отворен до 20-ти февруари 2020. Повеќе информации за критериумите и начинот на аплицирање можете да најдете во отворениот повик на официјалната веб-страница на Македонија2025, достапен ОВДЕ.

За сите дополнителни прашања контактирајте нè на [email protected].

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мира Симоновски од Делчево на 74 години го искачи врвот Ухуру на Килиманџаро

Редакција

ЕУ ја прави Куклица подостапна за посетителите и подобро го заштитува овој споменик на природата

Редакција

А1 со атрактивна новогодишна промоција: Најдобрите празници досега со A1 Постпејд и А1 Combo

Редакција