еМагазин
Image default
Бизнис

Македонијатурист лани со бруто добивка од 122,06 милиони денари

Македонијатурист преку Македонската берза извести дека минатата година остварила позитивен финансиски резултат со бруто добивка од 122,06 милиони денари, која е за 2,41% поголема во однос на истиот период од претходната 2017 година или нето добивка од 112,06 милиони денари, која е за 1,92% поголема од истиот период во претходната година.

Вкупните приходи за 2018 година изнесуваат 375,85 милиони денари и се остварени со 104,61% во однос на истиот период од претходната година, а истите се за 4,61% поголеми во споредба со дванаесетте месеци од претходната 2017 година.

Вкупните трошоци и расходи од редовното работење во 2018 година изнесуваат 253,21 милиони денари и се зголемени за 5,71% во однос на истиот период од 2017 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието го донесе Буџетот за 2023 година

Редакција

ТТК Банка ќе дели дивиденда

Редакција

Корона вирусот ги „однесе“ во загуба „Хотели-Метропол“

Редакција