еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Македонка од центарот на епидемијата на корона вирусот во Италија: Младо активно лице ја зарази цела Ломбардија, седете дома!!!

„еМагазин“ стапи во контакт со наша сограѓанка која долги години живее во Италија, поточно на три километри од Кодоњо, каде што се појави првиот случај заразен со корона вирусот и беше првото место со најмногу заразени.

Пјаченца од таму е на 15 километри, а во тој град и околината живеат околу 6.000 Македонци.

„За ширење на вирусот голема несреќа е што првиот заболен пациент беше многу активен. Бил носител на вирусот, а немал симптоми. Во меѓувреме играл фудбал, тренирал атлетика, учествувал на маратон, постојано патувал заради работата и го разнел вирусот низ цела Ломбардија,“ вели таа.

Вирусот, според нејзините кажувања, најмногу се проширил во градовите каде што луѓето на ја сфатиле оваа работа сериозно.

„Продолжија да живеат како и порано. Се движеа по барови, паркови. Младите во Италија не ја сфаќаат сериозно ситуацијата. Властите беа принудени да ги затворат парковите, за младите родители да не ги носат децата таму. Казната доколку те фатат излезен надвор, без да имаш оправдана причина за тоа сега е 206 евра,“ додава соговорничката.

Нејзините деца учат онлајн, имаат часови преку видеоповици. Во карантин се од 26 февруари.

„Ќерка ми е во средно училиште и тие секој ден имаат часови онлајн од 08 до 13.30 часови. На видеоповик се и децата кои одат во градинка, па можат да си ги гледаат другарчињата и наставничката секој ден. Ние родителите ги правиме проектите дома, заедно со нив дома,“ додава таа.

Аптеките и супермаркетите им се добро снабдени, но и таму недостасуваат маски и средства за дезинфекција.

Најстрашното според неа е што во Италија многу доктори почнаа да се разболуваат. Оттука, за да не дојде до тоа и кај нас здравствениот систем да не доживее колапс, таа порача да се седи дома и никако поинаку!!!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Многу е просто, колку ќе трае кризата со корона вирусот зависи од НАС

Предупредување на СЗО: Корона вирусот ги убива и младите

Корона вирусот покажа колку сме себични

Драги млади, не бидете себични кон дедовци и баби: Од корона вирусот се умира

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Зијадин Села, кој е реизбран за претседател на Алијансата за Албанците

Редакција

Владата ги одзема концесиите на „Тајмиште“ за два рудници

Редакција

Шефот на протокол во МНР поднел оставка, по грешката со словенечкото знаме, вели Османи

Редакција