еМагазин
Image default
Македонија

Македонка од Швајцарија наместо во изолација се прошетала низ Охрид

Македонка од Швајцарија се вратила во Охрид и наместо да седи дома се прошетала, а потпишала дека ќе се самоизолира. Обвинителството предлага парична казна од 3.000 евра.

Имено, Основното јавно обвинителство Охрид постапувајќи по поднесената кривична пријава денеска до Основниот суд во Охрид доставиле предлог за издавање на казнен налог за македонска државјанка со живеалиште во Швајцарија. Обвинетата сторила кривично дело „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

„На 9 март годинава, 47- годишната македонка допатувала од Швајцарија – земја со висок ризик на зараза утврдена на листата на Светската здравствена организација, преку граничниот премин Ќафасан.

Иако на 18 март дала изјава дека ќе спроведе задолжителна самоизолација на адресата на пријавеното престојувалиште во траење од 14 дена со што ќе ја почитува изречената писмена наредба на министерот за здравство издадена на 16 март и Одлуката за мерки за спречување или сузбивање на опасна заразна болест – коронавирус Ковид 19, не постапила по наведените обврски.

Истиот ден обвинетата излегла од престојувалиштето и се упатила во непознат правец со што го сторила делото што и се става на товар“, се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе има казни за оние кои ќе допатуваат од странство, а нема да се самоизолираат

Вкупно 70 заразени од корона вирусот: Жената од Дебар е во критична состојба

(Видео) Како безбедно да го исчистите смартфонот од евентуално присуство на корона вирусот?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца наши лекари кои биле на конгрес во Мадрид се тестирани на корона вирусот

Редакција

На барање на родителите на убиените момчиња кај Смилковско езеро, Заев треба да сведочи за „Монструм“

Редакција

Здравствените работници од ГОБ „8 Септември“ протестираа за плати

Редакција