еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) Македонка од Шведска со уникатни парчиња го освојува модниот свет

Катарина Лука е името на нашата модна дизајнерка која стои зад брендот „Kali Rose“. Таа има 32 години и живее во Шведска, а нејзината нова колекција беше повод за кратко интервју за „еМагазин“.

Колку време работите како моден дизјанер и кога го создадовте брендот „Kali Rose“?

„Kali Rose“ постои веќе 3 години и во Македонија се појави прв пат на Fashion Week 2018. Функционира како онлајн продавница со испорака од Шведска, каде што и живеам, но наскоро новите парчиња ќе бидат достапни и во Скопје, во продавницата на Error Kolektiv во Дебар Маало која ќе биде отворена на 29ти февруари.

Како се вика новата колекција и што е идејата зад нејзиното создавање?

Новата колекција пролет/лето 2020 се вика „Exhale“. Како секоја колекција така и оваа е инспирирана од периодот низ кој живеам во текот на создавањето, односно цртање и креирање на самата колекција. Последните неколку месеци морам да признаам дека беа со интензивен стрес и притисок.

Мислам дека ние луѓето секојдневно апсорбираме најчесто разни негативни емоции, живееме во трка со животот, трагаме по материјални задоволства на кои нема крај, заборавајќи на најважното, есенцијалното, нашето психичко и физичко здравје.

Така „Exhale“ сугерира на тоа дека треба длабоко да го „издишеме“ сето она што свесно или несвесно го потиснуваме во нас, несигурност, страв, минато, нервоза, фрустрации итн. Голем потсетник и за самата себе дека се се менува и се поминува, животот е толку непредвидлив и затоа „breathe out“.

Црната боја се чини дека е заштитен знак на вашиот бренд. Од каде ви е инспирацијата за неа?

Црната боја е дефинитивно заштитниот знак на „Kali Rose“. За мене, црната, е цела филозофија на која може да и се дадат разни значења. Воопшто не ја поврзувам со негативност или тага, напротив, за мене е најмоќната боја во стилот на искажување на една индивидуа.

Црната е мојата комфорт зона во која се чуствувам сигурно, самоуверено, во која се чувствувам јас, можеби и е еден вид на бариера помеѓу мене и надворешниот свет. Оваа боја асоцира на мистерија, сила, софистицираност, истовремено е елегантна и едноставна, зависи од нас како ја носиме и во кое светло сакаме да се прикажеме.

Оние што се пронаоѓаат во алтернативниот стил на Кali Rose се уникатни, независни, оригинални и секако храбри да се издвојуваат во едно copy/paste современо општество. Тоа е и главната идеја на брендот, ‘Why fit in when you were born to stand out!’

Модели: Ана Ежова и Илија Стефановски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 1 ноември ќе има топлинска енергија, ЕСМ склучи договор за набавка на гас

Редакција

„Тежок тендер“: Кој ќе го снабдува со струја Собранието на Република Македонија?

Редакција

ЈП за државни патишта склучи договор со „Жикол“ вреден 5,2 милиони евра

Редакција