еМагазин
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Македонка по 20 години „битка“ го победи ПИОМ кој и ги зел пензиите поради лоша евиденција

Европскиот суд за човекови право пресуди дека Македонија ќе треба да плати штета од 6.000 евра и камати по тужбата на нашата сограѓанка О.Р., откако утврдил дека Фондот за пензиско и инвладиско осигурување бесправно побарал ретроактивно враќање на пензиите што ги зела за период од седум години.

Пресудата е само потврда на катастрофалното работење на ПИОМ, лошата евиденција, законските дупки и наодите на државните ревизори, но и бавноста на правосудниот систем во земјава.

Станува збор за случај кој почнал на 22 мај 2000 година, кога апликантката О.Р. поднела барање за остварување право на пензија до Фондот за пензиско и  инвалидско осигурување. На 23 мај 2000 година Фондот и одобрил пензија на апликантката во износ од 6.462 денари месечно.

Фондот утврдил дека со работен стаж во времетраење од триесет и пет години, десет месеци и дваесет и четири дена, апликантката го исполнила условот да има доволен работен стаж за остварување на право на пензија, кој бил единствен услов во тој момент. Одлуката станала правосилна и апликантката почнала да прима пензија.

Но, помеѓу февруари и јули 2007 година, Фондот направил внатрешна ревизија на својата документација. Во конечнот извештај било констатирано дека досиејата на некои приматели на пензија не биле целосни и дека во некои случаи недостасувале или биле нецелосни податоците во врска со претходните вработувања.

„Во однос на апликантката, во извештајот било наведено дека, иако податоците покажувале дека истата била вработена за потребниот период, недостасувала нејзината работна книшка. Од тие причини било одлучено да се праша работодавачот каде апликантката работела помеѓу 1963 и 1967 година за да се потврди овој период од нејзиното вработување. Се чини дека не биле обезбедени дополнителни докази во врска со работниот однос на апликантката за наведениот период“, се објаснува во одлуката на судот.

На 18 октомври 2007 година Фондот ја поништил одлуката од 23 мај 2000 година и го одбил барањето на апликанткаат за пензија. Во својата одлука Фондот одлучил дека информациите кои ги поседувал Фондот во однос на вработувањата на апликантката не биле точни за периодот помеѓу 1963 и 1967 година во насока дека истата всушност не била вработена во тој период.

Нашата сограѓанка потоа го искористила правото да се жали односно да го тужи ПИОМ, но нивните жалби и тужби биле одбиени од владините комисии и од надлежните судови.

Во 2010 година Врховниот суд ја одбил жалбата на апликантката и ја потврдил како основана одлуката на Фондот со која се одбива барањето на апликантката за пензија.

Но нејзините маки не завршиле тука. На 15 мај 2012 година Фондот поднел кривична пријава против апликантката, наведувајќи дека истата дала лажни информации во Фондот за нејзиното вработување.

Пријавата била отфрлена од Основното јавно обвинителство на 25 мај 2012 година поради истек на законскиот рок за покренување обвинение. Во меѓувреме, поточно на 11 jуни 2008 година, Фондот поднел граѓанска тужба пред Основниот суд во Скопје против против апликантката со барање за враќање на вкупниот износ на пензијата која ѝ била исплатена во периодот помеѓу 5 мај 2000 година и 30 септември 2007 година. Фондот навел дека апликантката должела износ од 645.138 денари заради стекнување без основ, се објаснува во пресудата на судот во Стразбур.

Основниот суд во Скопје ја усвоил тужбата, а откако поднесената жалба од апликантката до Апелациониот суд Скопје била одбиена, пресудата станала правосилна на 8 jануари 2014 година.

Пресудата потоа била дадена на извршител кој започнал извршна постапка противапликантката.

Апликантката поднела жалба поради погрешна примена на право до Врховниот суд, која била одбиена на 28 jануари 2015 година. Според документ од Управата за јавни приходи издаден на 29 oктомври 2008 година, единствениот извор на приход на апликантката од 2006 година наваму била нејзината пензија.

За среќа судот во Стразбур препознал дека нашата сограѓанка нема вина за лошата евиденција во ПИОМ и на крајот од минатат година пресудил во нејзина корист, за што Македонија од буџетот ќе треба да и исплати штета.

Целата пресуда ТУКА.

Фото: Европски суд за човекови права

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Министерот Нуредини на англиски им кажа на новинарите оти нема време за прашања за загадувањето

Редакција

(Галерија) И претседателот Пендаровски со сопругата на премиерата на филмот „Врба“ на Манчевски

Редакција

Најсмртоносниот ден во Италија: За 24 часа починаа дури 627 лица

Редакција