еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Македонска работа: Кога партиите се на власт „цветаат“ буџетите за изборни кампањи

Огромни разлики во големината на буџетите за изборни кампањи има кај партиите од македонската политичка сцена во зависност од тоа дали на изборите се натпреваруваат од позиција на власт или опозиција. Најдобар доказ за тоа се финансиските извештаи за првиот дел од кампањата за претседателските избори, но и повеќе одржани локални и парламентарни избори во минатото.

Вкупните приходи за изборната кампања на кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова за периодот од 26 март до 10. април изнесуваат 12.529.309 или околу 203.000 евра, покажува финансискиот извештај доставен до Државната изборна комисија.

Од друга страна вкупните приходи за изборната кампања на кандидатот на владејачката коалција, Стево Пендаровски за периодот од 26 март до 10. април изнесуваат 31.044.498 денари или околу 504.000 евра, покажува финансискиот извештај доставен до Државната изборна комисија.

Во 2017 година ВМРО-ДПМНЕ потрошило 16 пати повеќе од СДСМ за време на кампањата за локалните избори во првите 10 дена од кампањата, покажуваат финансиските извештаи објавени од Државната изборна комисија.

Тогаш, ВМРО-ДПМНЕ потрошила околу 680 илјади евра, од кои најголемиот дел за реклама и пропаганда. СДСМ пак, од членарини и донации собрала околу 250 илјади евра, а потрошила 42 илјади евра.

Ваквите трендови покажуваат дека партиите очигледно располагаат со повеќе средства за трошење за изборни кампањи кога се на власт.

Недостигот од транспаретност кај финансирањето на партиите се уште останува голем проблем во нашата земја, како и богатењето на партиите за време на владејачките мандати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед: Кои се најголемите донатори во изборната кампања на Блерим Река?

Детален преглед: Кои се 248. лица што донираа 200.000 евра за кампањата на Гордана Силјановска Давкова?

Само едно лице донирало пари за изборната кампања на Стево Пендаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 19 случаи на Ковид-19 од 3.667 тестирања, осуммина од Скопје

Редакција

Потпишан Протоколот за приемот на Македонија во НАТО

Редакција

Нема докази оти сакаме конфликт помеѓу Македонија и Бугарија, руската Амбасада регира на изјавата на Османи

Редакција