еМагазин
Image default
Македонија

Македонската армија вработува 125 професионални војници

Министерството за одбрана денеска објави Јавен оглас за прием на нови 125 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија за работа на определено работно време со договор за вработување во времетраење од 3 години со можност за негово продолжување повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 години возраст.

Условите за пријавување на лицата на јавниот оглас се следни: да бидат државјани на Република Северна Македонија; да имаат завршено најмалку средно образование, да имаат доброволно отслужено воен рок и да не се постари од 25 години на денот на завршување на објавениот оглас.

Подетални информации во однос на Јавниот оглас може да се најдат на веб страната на Министерството за одбрана www.mod.gov.mk.

Рокот за пријавување е 15 дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАПАС: Сопругата на поранешниот министер Спиро Ристовски никогаш не била вработена кај нас

Редакција

(Фото) „Огнената група“ на средба кај Ахмети: Лидерот вели дека партијата е национално богатство и меѓучовечките односи мора да се средат

Редакција

На Криволак денеска почнува најголемата воена вежба што се реализирала во Македонија, „Брз одговор 22“

Редакција