еМагазин
Image default
Бизнис

Македонската берза им изрече јавна опомена на четири компании

Одборот на директори на Македонска берза донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена на Бетон АД Скопје, друштво котирано на подсегментот Берзанска котација, поради необјавување на целосните материјали за Собранието на акционери во рок од два дена од денот на свикувањето на седницата.

Опомена доби и Неметали Огражден АД Струмица, друштво котирано на подсегментот задолжителна котација поради задоценто објавување на повеќе извештаи, биланси на успех, повик за Собрание на акционери и одлуки од Собрание на акционери.

Берзата ги опомена и РЖ Економика АД Скопје, друштво котирано на подсегментот задолжителна котација заради необјавување на содржината на донесените одлуки на Собранието на акционери на друштвото најдоцна до почетокот на тргувањето на следниот ден на тргување после денот на нивното донесување и на Силекс АД Кратово, друштво котирано на подсегментот задолжителна котација заради необјавување на содржината на донесените одлуки на Собранието на акционери на друштвото најдоцна до почетокот на тргувањето на следниот ден на тргување после денот на нивното донесување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев, Анѓушев, Крешник ќе одат на самитот во Давос

Редакција

Народна банка: Во третиот квартал забавил падот на економијата

Редакција

Започна кампањата за намалување на бројот на непријавени работници

Редакција