еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонската химна веќе трпела промени: Познати три верзии

Откако во јавноста се појавија шпекулации околу можното менување на химната на Македонија, кои “пламнаа“ по интонирањето на истата на приемот во амбасадата на САД по повод 4. јули, при што пејачката Тамара Тодевска како да „подзаборави“ на строфата во која се споменуваат македонските револуционери Гоце Делчев, Јане Сандански, Питу Гули и Даме Груев,  треба да знае дека македонското химна до сега имала три верзии.

Државната химна на Македонија, „Денес над Македонија“ е напишана во 1941 година. Автор на текстот е Владо Малески, а автор на музиката Тодор Скаловски.

По завршувањето на Втората светска војна е усвоена како химна на СР Македонија во рамките на поранешна Југославија, а по осамостојувањето на Република Македонија, на 11 август 1992 година со закон е прогласена и за химна на независна Македонија.

Според Википедија, со текот на времето текстот на химната претрпел разни промени, при што денес се познати три нејзини верзии — денешната верзија, првичната химна и првата официјална изведена химна која се разликува од првата во само еден ред.

Во однос на првичниот текст од 1941 година се изоставени имињата на Никола Карев и Димитар Влахов, а е додадено името на Даме Груев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американската амбасада се извини за пропустот со македонската химна

Тамара: Од дното на моето срце Ви се извинувам поради пропустот што го направив при пеењето на химната

(Видео) На прием на амбасадата на САД Тамара ги „заборави“ Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и Питу Гули кога ја пееше македонската химна

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повторно уапсен поранешниот американски претседател Трамп

Редакција

Уставниот суд едногласно одлучи да не поведе постапка за Преспанскиот договор

Редакција

Кочанската фирма “Пејпер Мил„ казнета со 20.000 евра за загадување

Редакција