еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонската компанија за производство на мебел FEYDOM, отвори салон за продажба и во Белград

Македонската компанија за мебел „Фејдом“ (FEYDOM) која 85 проценти од производството го прави за извоз, се поуспешно ги освојува странските пазари. На почетокот на овој месец отвори нов моно—бренд салон во Белград.

„Салонот е на 150 м2, веднаш до новиот блок од згради од левата страна на шопинг центарот Делта Мол, на адреса БЛОК А булевар Јурија Гагарина 20, Нови Београд. Концепциски е среден исто како и останатите салони како во Скопје така и во другите градови Нови Сад, Софија, Варна, Будимпешта, Букурешт, Прага,Хановер, Љубљана, Копер, Барцелона, Марбеља и други „шоп-ин-шоп“ FEYDOM поставки.

Во салоните трансформабилните, мултифункционални FEYDOM гарнитури се аранжирани во простори дефинирани со дрвени решетки, арматурни полици и природни зелени растенија. И се презентирани од посветени претставници кои со задоволство и ентузијазам ги објаснуваат разновидните можности на гарнитурите“, изјави за „еМагазин“ архитектката, основач и сопственик на компанијата, Филимена Радоњанин.

Таа исто така информираше дека во моментов се одржува и Интернационалниот саем за мебел во Белград каде што FEYDOM изложува на 150 м2, а компанијата е присутна и на интернационалниот саем за мебел во Љубљана на 50 м2.

Радоњанин е задоволна од продажбата на гарнитури во Србија, но како што вели, по завршување на саемот, потребна ќе биде целогодишна стратегија за промовирање, за константно да има посетители кои ќе сакаат да имаат FEYDOM гарнитура во нивниот дом.

Тие се една од најуспешните компании за производство на мебел и во Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројца починати од Ковид-19 од Гостивар, по две лица од Тетово и Струга и едно од Кочани

Редакција

Раде Кончар – Апаратна техника со зголемена добивка во првите девет месеци

Редакција

30 дена притвор за петтиот осомничен за упадот во М-НАВ

Редакција