еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонската Влада се подготвува за Брегзит: Во консултација со ЕУ ќе се преговара со Британија

Владата на една од последните седници го разгледала предлогот за поведување постапка за водење преговори за склучување Договор за партнерство, трговска размена и соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Велика Британија и Северна Ирска, со нацрт-текст на Договор.

Притоа го усвоила предлогот за поведување постапка за водење преговори за склучување Договор за партнерство, трговска размена и соработка  и го прифатила нацрт-текстот на договорoт меѓу двете страни како основа за водење на преговори.

„Се задолжува шефот и членовите на Делегацијата на Република Северна Македонија при водењето на преговорите да се придржуваат кон ставовите наведени во Предлогот за поведување постапка за водење преговори за склучување Договор за партнерство, трговска размена и соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија.

Се задолжува Секретаријатот за европски прашaња, во координација со Министерството за надворешни работи, врз основа на член 35 од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, да побара одржување на консултации со Европската комисија во текот на 2019 година.

Се овластува шефот на делегацијата на Република Северна Македонија да го парафира текстот на Договорот, согласно утврдените насоки, доколку се постигне согласност на преговорите. Се задолжува Делегацијата на Република Северна Македонија по завршените преговори во рок од 30 дена до Владата да поднесе писмен извештај за завршените преговори со усогласениот, односно парафираниот текст на Договорот.

Се задолжува Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори да организира средба со претставници на засегнати институции со цел анализа на ризикот од неучеството на Обединетото Кралство во ПЕМ Конвенцијата“, пишува во заклучоците од владината седница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не сме имуни на Брегзит: Владата сака да почне преговари за партнерство и трговски односи со Британија

(Видео) Нокаут за Борис Џонсон: Домот на лордовите пресече дека нема Брегзит без договор со ЕУ

Нова „шлаканица“ за Борис Џонсон: Усвоен Закон за спречување на Брегзит без договор

(Видео) Шекспировски заплет во Британија: Што всушност ќе донесе Брегзит?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одлуката за „замрзнување“ на цените на прехранбени производи може да ја продлабочи кризата, велат од ССК

Редакција

Природно-математичкиот факултет: Најавените реформи ќе бидат штетни за образовниот процес

Редакција

Филипче го испратил предлог-документот до грчкиот колега со кој ќе се регулира начинот на патување помеѓу двете држави

Редакција