еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Македонски државјанин киднапиран во Тирана, го спасила полицијата

Албанската полиција уапсила две лица под обинеие дека во Тирана вчера киднапирале 23-годишен македонски државјанин, кому му барале 250.000 евра.

Судија на претходна постапка им одредил мерка притвор.

Во рамки на полициската акција „Lake“, уапсени се Алберт Џ.(41), и Сокол М. (42), жители на Тирана, додека од слобода ќе се брани Суби Е.(50) жител на Струга, Македонија.

-Тројцата граѓани во соработка еден со друг кај планината Фарка, во близина на седиштето на Архиепископијата во Тирана, го киднапирале македонскиот државјанин Давор В.(23). За да го ослободат, под закана со оружје, барале сума од 250.000 евра, пренесуваат полициско соопштение албанските медиуми.

Досието е доставено до Јавното обвинителство во Тирана за понатамошно постапување.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По Словачка и Унгарија и Бугарија и Чешка бараат изземање од ембаргото за руската нафта

Редакција

За Македонците влез во Црна Гора без ПЦР тест и без потврда за вакцинација

Редакција

Годинава исплатени 23 милиони евра помош од граѓаните за компаниите

Редакција