еМагазин
Image default
Македонија

Македонски државјанин уапсен на границата меѓу Италија и Австрија со три килограми кокаин

На граничниот премин Комо Брогеда, на италијанско-австриската граница, полиција уапсила 40-годишен македонски државјанин, во чиј автомобил открила три килограми кокаин.

Македонскиот државјанин,чиј идентитет не се наведува, кој патувал со луксузен автомобил марка „БМВ7“ изјавил дека се враќа од Холандија и оти патува за Албанија.

При контрола на возилото биле откриени три пакетчиња од по килограм чист кокаин, скриени во посебно направен дел во внатрешноста на луксузниот авотмобил.

Одземени се и возилото,како и два мобилни телефона. Уапсениот македонски државјанин, кој е пренесен во затворот Bassone (Como), според италијанските медиуми ќе одговара за меѓународна трговија со дрога.

Под ова обвинение му се заканува затворска казна од шест до 20 години и парична казна од 26 илјади до 260 илјади евра.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за Лидија Димова, сопственикот на В.Е.З. Трејд и двајца соработници во Агенцијата

Редакција

И Катица Јанева спроведена во Идризово, треба да одлежи седум години за „Рекет“

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 352 пациенти болни и суспектни на Ковид-19, слободни кревети има

Редакција