еМагазин
Image default
Техно

Македонски иноватори во Израел презентираа проекти за еврејското наследство

Македонски иноватори од 24 до 29 јуни имаа можност на студиски престој во Израел да се запознаат со тајната на израелското економско чудо. Македонската делегација која го посети Израел ја сочинуваа победничките тимови од првиот хакатон „Биталон“.

Турата наречена “Израел-стартап нација” всушност беше награда за најдобрите млади информатичари и иноватори од цела Македонија кои креираа дигитални алатки за да раскажат дел од историјата на Еврејската заедница во Битола. Во Израел тие ги презентираа проектите кои ги развија на битолскиот Хакатон Биталон во организација на израелското Министерство за надворешни работи и македонското Министерство за информатичко општество и администрација, во соработка со Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола и здружението ,,Архам,,.

Турнејата низ Израел вклучуваше посета на Ерусалим, Тел Авив и Хаифа, средба со водечки технолошки компании, акцелератори и лидери, но и посета на локалитети од областа на културното наследство. Македонската делегација посети и група деца со посебни потреби кои што се рехабилитираат со помош на музика.

Покрај на Универзитетот „Бар Илан”, како и во повеќе технолошки центри и акцелератори, македонските иноватори ги презентираа своите проекти инспирирани од еврејската историја и во Музејот на холокаустот „Јад Вашем” во Ерусалим, кој ја чува историјата на 6 милиони жртви на холокаустот.

„Првата идеја беше да се најдат алатки со кои младите луѓе во Македонија ќе се заинтересираат за историјата на Евреите, но излегоа поголеми работи. Младите иноватори направија дигитални алатки со кој ќе можеме да го продолжиме овој проект. Добивме повеќе одошто очекувавме. Сега веќе имаме идеи за неколку апликации“, рече амбасадорот на Израел во Македонија Дан Оријан.

Врвни израелски стартап центри пред македонската делегација презентираа како успеале да ги лансираат своите бизнис идеи. Меѓу нив е и компанијата „Мобилај Оркам“ која разви очила за слепи лица, односно алатка која со помош на гласовни пораки им помага на слепите во секојдневното опкружување. Оваа компанија, само два дена по посетата на македонската делегација, ја посети и принцот Вилјам кој во тој период беше во неколкудневна посета на Израел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Погледнете: Официјален трејлер #1 – Samsung Galaxy Unpacked (август 2020)

Редакција

Телеком им помага на бизнисите да се заштитат од закани за сајбер безбедноста

Редакција

(Фото) Македонски Телеком ја постави првата тестна 5G мрежа во центарот на Скопје

Редакција