еМагазин
Image default
Македонија

Македонски камионџија повреден во сообраќајка во Бугарија

Дваесет и шестгодишниот Мите Бидев од Валандово е повреден во сообраќајка што се случила ноќеска во 1:30 по полноќ, на автопатот Е79 во близина на бугарскиот град Кресна, јави БГНЕС.

Во сообраќајката е повреден и 46-годишен ерменски државјанин.

Двајцата се повредени во директен судар меѓу џип „ауди“, со ерменска регистрација и камион „мерцедес“, со македонски регистарски таблички.

Тие со возило на брза помош биле пренесени во болницата во Сандански.

Бидев има повреди на колкот, а ерменскиот државјанин на главата и колкот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Аудио) Нови аудио-снимки на „Јутјуб“: Со Сашо Мијалков расчистив се, нема да дозволам да ми го газат достоинството

Редакција

Основното јавно обвинителство Струга ќе истражува за запаленото бугарско знаме на карневалот во Вевчани

Редакција

Убава вест: 308 оздравени од Ковид-19

Редакција