еМагазин
Image default
Бизнис

„Македонски телеком“ ги предупреди корисниците за лажна наградна игра

„Македонски Телеком“ денеска ги предупреди своите корисници да не учествуваат во наградна игра за која им стигнуваат пораки на нивните телефони, бидејќи се работи за лажна игра со која може да се злоупотребат нивните лични податоци.

– Македонски Телеком ја информира јавноста дека дел од корисниците добиваат пораки за наградна игра од лажна веб страница или т.н Phishing комуникација, на којашто се објавуваат неточни информации во име на нашата компанија. Телеком се оградува од овие пораки и им препорачува на корисниците да не учествуваат во наградната игра поради ризик од злоупотреба на нивните лични податоци, велат од компанијата.

Единствени официјални канали за дигитална комуникација на компанијата се: веб страната www.telekom.mk, Фејсбук (ОВДЕ), Инстаграм (ОВДЕ), Твитер (ОВДЕ) и LinkedIn (ОВДЕ).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дел од Скопјани без парно, Владата ги повика надлежните компании и локалните власти да обезбедат топлинска енергија

Редакција

ЕСМ склучи договор со Хем-алијанс вреден 636 илјади евра

Редакција

Нови ковид-протоколи за македонските граѓани за влез во Германија и Шпанија

Редакција