еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонски Телеком лани ја зголеми нето добивката за 6,3 отсто

Македонски Телеком оствари позитивни резултати од работењето во 2019 година, информираат од компанијата.

“Компанијата ги надмина поставените цели и изминатата година ја заврши со зголемени приходи и раст на нето добивката, во споредба со претходната година. Во 2019 година продолжува трендот на раст на бројот на корисници во мобилната телефонија, интернетот и телевизија.

Со постигнувањето позитивни резултати за изминатата година, Македонски Телеком поставува цврста основа за понатамошен развој, инвестиции, модернизација на инфраструктурата и воведување современи технолошки решенија и услуги на пазарот“, велат од компанијата.

Приходите од продажба на Македонски Телеком во 2019 година, во споредба со претходната година, се зголемени за 3,6 отсто и изнесуваат 10,8 милијарди денари.

“Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 4,7 отсто во споредба со претходната година, додека нето добивката бележи раст од 6,3 отсто“, велат од компанијата.

Македонски Телеком на крајот од 2019 година бележи зголемување на бројот на корисниците во сите сегменти од своето работење.

“Со раст од 1,2 отсто на корисничката база, вкупниот број на корисници во мобилниот сегмент изнесува 1,2 милиони претплатници. Зголемена е базата и на корисници коишто имаат пристап до широкопојасен интернет за 4,1 отсто при што вкупниот број изнесува 204 илјади.

Македонски Телеком од крајот на вториот квартал во 2019 се позиционира како лидер во ТВ сегментот на пазарот. Со растот на бројот на корисници за 6,2 отсто (вклучувајќи Magenta 1, Internet&ТV и други ТВ услуги), на крајот од 2019 година МКТ ја зацврстува својата позиција со база од 136 илјади претплатници.

MaxTV останува избор број еден за корисниците, пред сè како резултат на ексклузивните содржини, квалитетот, неограничените можности за интеракција и уникатното ТВ искуство“, велат од компанијата.

Македонски Телеком континуирано и со несмалено темпо продолжи да вложува во инфраструктурата и подобрување на сопствените капацитети, велат од компанијата.

“Па така, како резултат на инвестициите бројот на домаќинства покриени со оптика е зголемен за 13,6 отсто споредено со претходната година. На крајот од 2019 година, една третина од домаќинствата во земјава имаат можност да се поврзат на оптичката мрежа од Телеком и да ги користат бенефитите од оваа технологија.

Во 2019 година компанијата ја постави и првата тестна 5G мрежа во Скопје, при што продолжуваат тестирањата во реални услови и сите неопходни чекори за воведување на 5G технологијата“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апелација ја прифати жалбата на Мијалков за неговото барање за условен отпуст

Редакција

За Јакимовски неговото ставање на „црната листа„ е мешање на странски разузнавачки служби во изборот на претседател на државата

Редакција

Изборен молк, гласаат затворениците и немоќните лица

Редакција