еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонски Телеком во првите шест месеци од годината ја зголеми нето добивката за 33,5 отсто

Нето добивката на Македонски Телеком за првите шест месеци од 2018 година е зголемена за 33,5 отсто во споредба со истиот период од претходната година и изнесува 816 милиони денари.

Приходите од продажба изнесуваат 5.017 милиони денари, што претставува зголемување за 1,0 отсто во споредба со истиот период од претходната година.

Македонски Телеком успеа да ја одржи водечката позиција на пазарот на фиксни говорни услуги со 57,4 отсто (интерна проценка), односно 209,6 илјади корисници на крајот на првите шест месеци од 2018 година.

Во однос на ТВ пазарот, Македонски Телеком има 29,1 отсто удел во вкупниот ТВ пазар, според интерните проценки. IPTV (дигитална телевизија преку Интернет протокол) услугата, поради високиот квалитет, интерактивноста и уникатното ТВ искуство е добро прифатена на пазарот. Па така, компанијата оствари зголемување на бројот на IPTV корисници (вклучувајќи Magenta 1, Internet&TV и други ТВ услуги) за 8,3 отсто во споредба со истиот период од претходната година, што резултираше со база од 121,7 илјади корисници на крајот од првите шест месеци од 2018 година.

Вкупниот број на пристапи на широкопојасен интернет на крајот од првите шест месеци од 2018 година е стабилен и изнесува 189,9 илјади, додека уделот на пазарот на широкопојасен интернет за истиот период е 44,8 отсто, според интерна проценка.

Како резултат на стратешката иницијатива за забрзување на фиксниот сегмент, успеавме да направиме пресврт на негативниот тренд во овој сегмент. Следствено, приходите од фиксни услуги (говорни услуги, интернет и ТВ) на крајот од првите шест месеци од 2018 година се стабилни во споредба со истиот период од претходната година.

На пазарот на мобилната телефонија, компанијата има удел на пазарот од 48,4 отсто, според интерна проценка. Базата на претплатници на крајот од првите шест месеци од 2018 година изнесува 1.172 илјади претплатници и е намалена за 3 отсто во однос на истиот период од претходната година.

Приходите од говорни мобилни услуги на крајот од првите шест месеци од 2018 година се стабилни во споредба со истиот период од претходната година.

Приходите од неговорни услуги во мобилниот сегмент се зголемија за 12,0 отсто во споредба со истиот период од претходната година, како резултат на зголемените приходи од мобилен Интернет и поголем GPRS сообраќај, како и зголеменото користење на податочни тарифни модели.

Ефектите од работењето за првите шест месеци од 2018 година прикажани погоре, заради компаративна анализа со минатата година се дадени без влијанието на Меѓународниот стандард за финансиско известување 15 Приходи од договори со корисници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер го „подбра“ Заев: „Макрон му кажал на Заев дека Франција ќе излезе од Г8 за ние да влеземе“

Редакција

„Силекс“ во загуба од 27 милиони денари

Редакција

Телевизијата 24 открива колку заработиле лани приватните болници Аџибадем Систина, Жан Митрев и Ре-Медика

Редакција