еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Македонскиот јазик паркиран во Дојран

Премиерот на Република Македонија и претседател на СДСМ, Зоран Заев на трибината на коалицијата „Излези за европска Македонија“ во Дојран освен што откри дека имал средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас за која јавноста не знае, раскажа и како паднал договорот за признавање на македонскиот јазик од грчка страна.

На паркинг.

„Со премиерот на Грција, Алексис Ципрас, во текот на мај токму тука на паркингот во Дојран постигнавме договор за признавање на македонскиот јазик. Тоа се случи пред тогашниот Самит на ЕУ кога двете страни требаше да направиме исчекор и со тоа покажавме на членките на ЕУ дека сме подготвени на компромиси за постигнување договор“, изјави Заев.

Неговата изјава предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи, со најчести коментари како можело вакво суштинско прашање да се договара на паркинг и дали ваквите изјави дополнително ќе ги поткопаат и така слабите позиции на власта во одбраната на договорот со Грција.

Дури три различни анкети направени периодов покажаа дека рејтингот на СДСМ е во пад, а голема улога во тој тренд секако има прашањето за договорот, како и низата скандали со владини функционери.

За очекување е дека изјавата ќе предизвика и голем интерес во соседна Грција.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Кочани гори! Апел за помош!

Редакција

Пендиков ќе добие и стипендија за студии, откако бугарската држава му даде стан и обезбедување

Редакција

Во новата влада на Албанија ќе има и министер Македонец

Редакција