еМагазин
Image default
Бизнис

Македонскиот БДП лани со пораст од 0,2 отсто

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, добиени од годишните сметки на деловните субјекти и други извори, бруто-домашниот производ во 2017 година изнесува 616.600.000.000 денари и во однос на 2016 година номинално е зголемен за 3.7 %. Реалната стапка на раст на БДП во 2017, во однос на 2016 година, изнесува 0.2 %.

Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2017 година имаат секторите: трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; транспорт и складирање; објекти за сместување и сервисни дејности со храна (20.0 %).

Финалната потрошувачка во 2017 година, во однос на 2016 година, номинално расте за 1.7 %, а во структурата на БДП учествува со 80.8 %.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2017 година изнесува 55.4 %.

Вредноста на инвестициите во основни средства во 2017 година изнесува 135.318.000.000 денари.

Во техничката структурата на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 61.0 %, машините и опремата со 31.5 %, а останатите инвестиции со 7.5 %.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пелистерка“ со двојно помала добивка

Редакција

И администрацијата ќе зема К-15, одлучи Владата

Редакција

Македонијатурист ќе дели дивиденда, кои се најголемите акционери

Редакција