еМагазин
Image default
Спорт

Македонскиот бисер, Охрид, домаќин на ЕТУ Балканското првенство во триатлон

Во Охрид од 14-ти до 16-ти септември следи еден од најголемите и најтешки видови на атлетско натпреварување, триатлонот. ЕТУ Балканското првенство во триатлон во 2018 година е од исклучително значење за Македонската триатлон федерација која заедно со локалниот организатор Спорт за сите – Сите за спорт од Охрид се целосно подготвени за претстојниот настан. Тоа се должи благодарение на поддршката од Агенција за млади и спорт, општина Охрид и Македонски Олимписки комитет.

„Сакам да упатам благодарност до Македонската триатлон федерација за заложбите кои ги направи за организација на Европскиот триатлон куп и Балканското првенство во триатлон, каде Охрид ќе биде домаќин од 14-ти до 16-ти септември на 20 држави учеснички од различни категории.“, истакна Дарко Каевски, директор на Агенција за млади и спорт на Република Македонија. Тој додаде дека Македонија ќе биде поддржана од 60 натпреварувачи и дека очекуваат да влезат во битката за медал.

„Имаме голем натпревар пред нас во кој учесниците ќе се натпреваруваат во 8 категории. Во првиот ден, сабота, ќе се натпреваруваат во елитните категории (Елит мажи и жени), јуниорските категории (Јуниори мажи и жени), и кадетските категории каде што имаме 12 наши репрезентативци кои ќе го носат македонското триатлон одело. Веруваме дека ќе постигнат голем резултат затоа што во нив е вложувано во текот на годините преку развојните програми финансирани од Агенцијата за млади и спорт. Во вториот ден имаме натпревари во рекреативните категории кои се поделени во 4 возрасни категории (до 30 години, од 30 до 39 години, од 40 до 49 години и 50+ години), а и нашите најнадежни во детската категорија кои се поделени во категории за 7, 8, 9 и 10 години.“, вели Иван Михајловски, претседател на Македонската триатлон федерација.

„Верувам дека ова ќе прерасне во една голема трка, во Европски куп кој ќе се одржува понатаму.“, порача Гордана Николовска од Сојуз на спортови. Гордана потенцираше дека познавајќи го македонското гостопримство сите учесници кои доаѓаат од цел свет и од места како Јужна Африка, Америка, Германија, Шведска, покрај балканските, ќе се вратат со желба повторно да дојдат да се натпреваруваат.

Воедно, во Охрид од 13-ти до 15-ти септември ќе се одржи и семинар за едукација на меѓународни судии. Во истиот учество ќе земат 28 судии од поширокиот регион меѓу кои и Македонија ќе го збогати своето судиско раководство.

ЕТУ Балканското првенство во триатлон е поделено во 3 главни трки и тоа:

Елит (1998 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;

Јуниори (1999-2002): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;

Кадети (2003-2005): 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање.

Во поделбата се влезени и неколку возрасни категории, натпреварувања на деца и штафети.

Голема поддршка за триатлонот во Охрид дадоа и Пелистерка, Алкалоид, Полео спорт, Таг тајминг и хотел Десарет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Каков ќе биде протоколот за спортските тренинзи

Редакција

Роналдо заработува три пати повеќе од вториот најплатен фудбалер во Серија „А“

Редакција

Кривична пријава за Илчо Ѓорѓиоски, поранешниот претседател на ФФМ

Редакција