еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Македонскиот студент Виктор Ивановски ја освои престижната „Annie“ награда за анимиран филм во Лос Анџелес

Виктор Ивановски, студент по анимација на „Sheridan College“, Канада е дел од екипата што работеше на анимираниот филм „The Fox and The Pigeon“ кој годинава ја освои престижната „Annie“ награда за најдобар студентски анимиран филм, на 47. издание на манифестацијата „Annie awards“ во Лос Анџелес.

Македонскиот студент Виктор, заедно со уште десет студенти (Michelle Chua, Aileen Dewhurst, Sharon Gabriella, Sang Lee, Tyler Pacana, Kevin Sung, Morgan Thompson, Chelsea van Tol, Matt Waton и Steven Wang) од „Sheridan College“ работеа на реализација на филмот, при што Виктор е ко-режисер, а воедно е композитор и интерпретатор на музиката за филмот.

Анимираниот филм „The Fox and The Pigeon“ беше во трката за најдобар студентски филм во конкуренција од импозантен број анимирани филмови од целиот свет. „The Fox and The Pigeon“ доби позитивни стручни критики од светските експерти за анимација, а за неговата вредност зборува и фактот што покрај тоа што беше прикажан и наградуван на повеќе интернационални фестивали, филмот доби и специјална награда на реномираниот Интернационален фестивал за анимација во Отава, Канада.

Виктор Ивановски е студент на четврта година на Sheridan College“ во Канада кој важи за еден од најпрестижните факултети во светот на полето на анимација.Тој е и првиот Mакедонец што освоил ваква престижна награда за анимација. Како дипломец оваа година работи на неговиот завршен дипломски филм

„ANNIE“ е најпрестижната награда за анимација која се доделува еднаш годишно од 1972 година. Ја доделува ASIFA-Hollywood, подружница на Меѓународнaта асоцијација на анимирани филмови во Лос Анџелес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Трајан Димовски, заменик министерот за земјоделство

Редакција

За новогодишната ноќ на Токсикологија примени 17 пациенти, од кои седуммина малолетници

Редакција

21,6% од заболените со Ковид-19 во Македонија немале симптоми

Редакција