еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонските банки работат три пати подобро од европските

Банките во Македонија во првите девет месеци од 2018 година остварија добивка од 124 милиони евра којашто е за близу 70% повисока во споредба со истиот период од претходната година, покажува најновиот извештај на Народната банка.

Во него се вели дека споредбената анализа на показателите за профитабилноста со земјите од Европската Унија покажува дека банкарскиот систем во Република Македонија на крајот на вториот квартал од 2018 година имал највисока стапка на поврат на капиталот, којашто е речиси тројно повисока од просекот на ЕУ. Македонскиот банкарски систем е втор, по Романија, според остварената стапка на повратот на активата, којашто повторно е значително повисока од просечната во ЕУ.

Инаку, на 30.9.2018 година, бројот на банките коишто функционираат во Република Македонија е петнаесет и е непроменет во однос на претходниот квартал, а бројот на банките во претежна странска сопственост изнесува единаесет банки, што значи дека сепак странци претежно го собираат „кајмакот“ во банкарскиот сектор во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Банките како лихвари: Просечна камата за кредитите 5,6 отсто, а за штедните влогови 1,5 отсто

Банките тријат раце: Раст на потрошувачките, станбените, автомобилските и картичните кредити

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трајанов: Да се донесат заклучоци кои ќе имаат широка поддршка во Парламентот

Редакција

Фондот за пензиско осигурување мора да позајмува пари за навремена исплата на пензии

Редакција

Советникот на Стејт департментот Дерек Шоле утре во Македонија

Редакција