еМагазин
Image default
Бизнис

Македонските производители на челик и алуминиум од следната година со ограничен извоз во ЕУ

Од идната година за македонските компании кои произведуваат челик и алуминиум ќе важат новите мерки за ограничен извоз во ЕУ, поради што можните загуби се проценуваат на околу 100 милиони евра годишно.

Како што истакна на денешната средба со новинарите вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, формалнта нота од Брисел за воведувањето конечни заштитни мерки, како контрамерки на САД, со кои се ограничува извозот на члеик и алуминум во ЕУ, ја добиле во петокот, а веќе имале средба и со компании од оваа индустрија.

– Согласно новата формулација, земен е просекот на извоз на овие компании од 2015, 2016 и 2017 година зголемен за пет отсто раст. Се што е над тој износ ќе биде царинето со 25 отсто. Тоа ќе значи големи проблеми за нашата индустрија на челик и алуминиум, која сериозно придонесува во БДП на државата. Проценките се дека штетата би можела да биде до 100 милиони евра на годишно ниво на извозот, рече Османи.

Привремените мерки ЕУ ги воведе во јули, а наведените конечни мерки треба да траат три години. Од Владата, вели Османи, не се откажуваат од обидите да ја убедат ЕК дека Македонија треба да биде исклучена од овие мерки.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општата болница Струга вработува 10 лица, плата до 25.500 денари

Редакција

Просечната плата се зголеми за 145 денари за еден месец

Редакција

OKTA: Солидни оперативни резултати со исклучителен обем на продажба и зголемена прилагодена ЕБИТДА во услови на намалени меѓународни цени на горивата

Редакција