еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Македонските средношколци на 67 место на меѓународното тестирање ПИСА

Македонија е рангирана на 67 место од минатогодишното меѓународно тестирање ПИСА на средношколци на возраст од 15 години. Резултатите денеска ги објави Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Според нив, македонските средношколци се оценети со 393 бодови за читање, 394 за математика и 413 за природни науки. Тестирањето е спроведено во 79 земји или економии.

На прво место на листата на ОЕЦД е рангирана Кина, второто е за Сингапур, на трето и четврто се Макао (Кина) и Хонг Конг (Кина). Од европските земји најдобра е Естонија, која е на петто место, а државите во регионот сите освен Косово (75 место) се рангирани пред нашата земја – Словенија (21), Хрватска (29), Србија (45), Црна Гора (52) и Босна и Херцеговина (62).

Лани беа опфатени околу  5 500 средношколци од јавните гимназии во земјава, кои беа тестирани во трите категории. Меѓународната програма за тестирање на знаење и вештини на ученици е почната во 2000 година со цел да ги процени знаењата на учениците за наука, математика и писменост.

Македонските средношколци ПИСА тест полагаа во 2000 и во 2015 година кога се добиени резултати под меѓународниот просек. На тестот пред четири години Македонија беше рангирана на дното на листата од 72 земји во светот, заедно со Тунис. Косово, Алжир и Доминиканска Република.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во несреќата загина цело семејство: Продолжува акцијата да се дојде до урнатиот авион на Солунска глава

Редакција

Времето денеска сончево и потопло, со слаб ветер од југоисточен правец

Редакција

Доктор Докиќ: Ако имате висока температура и паѓање на сатурација во крвта, веднаш на лекар

Редакција