еМагазин
Image default
Македонија

Македонските туристи не ги откажуваат аранжманите поради страшното невреме на Халкидики

Со македонските туристите кои се на одмор во регионот Халкидики што беше зафатен од силно невреме се контактира и им се нуди помош, но досега нема такви пријави, ниту пак поголеми откажувања на туристичките аранжмани, велат  дел од туристичките агенции од државава.

Од туристичката агенција „Атлантис“ изјавија дека досега не добиле повик за помош од туристи и оти изутрината е откажан еден аранжман, но и се склучуваат нови за тој регион.

„Ги контактираме туристите и копартнерите во хотелите каде што се сметени и засега нема пријава за проблем. Утрово имаше клиенти кои најавија дека нема да одат затоа што имале аранжани токму на тие локации, но тоа е личен избор. Активни сме, им праќаме пораки и нудиме помош“, информираат од „Атлантис“.

И на дежурната телефонска линија на „Савана турс“ досега нема повик за асистенција и помош, ниту пак откажувања на аранжаманите.

„Отворени сме за каква било поддршка. Подготвени сме да испратиме вонреден транспорт на туристите доколку тоа биде потребно“, изјави Ана Крстевска Каламадевска, директор на продажба во „Савана турс“.

На граничниот премин „Богородица“ денеска не е забележана поголема фреквенција и вараќање на турстите.

„Сообраќајната фреквенција е вообичаена што значи дека поради невремето нема зголемена фреквенција за влез во земјата ниту од македонски ниту од странски туристи“, велат од ГП „Богородица“.

Како што информираа претходно од Министерството за надворешни работи, досега нема информации за настрадани државјани на Северна Македонија во невремето. Засега ниеден македонски државјанин не пријавил ниту штета од невремето.

Во тек се дополнителни проверки од надлежните институции.

Во невремето што го погоди Халкидики, една од најпосетуваните летни дестинации на македонските туристи животот го загубија најмалку шест лица, меѓу кои и две деца. Едно лице се води како исчезнато, десетици се повредени, причинета е голема материјална штета и има прекин на снабдувањето со електрична енергија.

МИА/Фото:thestival.gr

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вознемирувачки видеа од моментот на невремето на Халкидики

(ВИДЕО) Од МНР велат дека досега нема информации за настрадани македонски државјани во невремето на Халкидики

(Видео+фото) Најмалку шест жртви, меѓу кои и две деца во невреме на Халкидики

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Бомба“ за Монструм открива дека екс министерот за правда Беџети не потпишувал екстрадиција на обвинетите од Косово

Редакција

Мицкоски до Заев: Колку и да бегаш, ќе те победам на парламентарни избори

Редакција

(Фото) Владата се уште држи седници без заштита на министрите против корона вирусот

Редакција