еМагазин
Image default
Бизнис

За македонските власти забраната за извоз на компир и мед во Косово нема основа

Македонските власти ќе побараат од Косово објаснување со аргументи врз основа на кои меѓународни стандарди е донесена мерката на Приштина за забрана на увоз на компир и мед од земјава.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов денеска изјави дека македонските производи ги задоволуваат светските стандарди и нема основа изјавата на косовските власти за причините за забрана за увоз на компир и мед.

– Ќе побараме од косовските власти во текот на утрешниот ден со аргументи да ни објаснат врз основа на кои меѓународни стандарди ја воведуваат забраната. Не држи изјавата на Косово дека со ЦЕФТА договорот или по други меѓународни стандарди може да ни воведат забрана, истакна Атанасов, одговарајќи на новинарски прашања.

Атанасов не даде одговор дали се размислува за некакви контра мерки и за одговор на ова прашање, упати до надлежните органи.

Во петокот, косовскиот министер за трговија и индустрија Ендрит Шаља наложи забрана на увоз на компири и мед од Северна Македонија како одговор на забраната што Скопје ја воведе за увоз на риба за порибување од Косово.

Забраната, како што изјави Шаља за порталот „Газета експрес“, ќе остане во сила се додека органите во Северна Македонија не ја преразгледаат одлуката за увозот на риба за порибување.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бранко Азески: Забраната на увоз на мед и компири во Косово е популистичка одлука донесена како резултат на инатење

„Трговска војна“ може скапо да не чини: Косово една од ретките земји со кои имаме суфицит во размената

Бектеши: Не се вистинити наодите на Косово, подготвени сме за разговор со факти

Косово забрани увоз на компири и мед од Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието на акционери даде зелено светло за продажба на винаријата „Сковин“

Редакција

Стопанска банка Скопје: УНИТ Линк – животно осигурување со инвестициска компонента

Редакција

Поништен тендерот за надзор: Се одложува почетокот на изградбата на автопатиштата кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“

Редакција