еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Македонско лето: Врвулица од криминалци барани од Интерпол

Безбедносните служби во земјава, посебно оние на границата зачестено приведуваат лица за кои се распишани потерници од Интерпол. Само во текот на јуни и јули беа уапсени повеќе барани криминалци – Албанци, Срби, Бугари…

Ваков случај имаше и денес во 00.10 часот на Граничен премин –Ќафасан. Поради меѓународна потерница од страна на Интерпол-Тирана Република Албанија, приведен е К.С. (51) од Елбасан –Албанија. Од МВР информираа дека тој е задржан во полициската станица од општа надлежност -Струга за понатамошна постапка.

На 25.07.2019 во 17.45 часот на граничен премин „Јажинце“, на влез во РС Македонија,  бил приведен Ј.Х.(37) од Косово поради тоа што при извршена контрола било констатирано дека се наоѓа на стоп листата со мерка „Лиши од слобода“ по барање на Интерпол. Во 20.45 часот лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.

Претходно на 22.07.2019 во 12.10 часот на граничен премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода C.A.(42) од Република Албанија затоа што се барал по распишана меѓународна потерница од Интерпол. Тој бил задржан и предаден во Полициската станица Струга за понатамошна постапка.

На 18.07.2019 во 11.50 часот на граничен премин „Аеродром Скопје“, при пасошка контрола и проверка било констатирано дека лицето А.Г.(49) од Холандија се наоѓа на листата  со мерка „АПСИ “ по барање на Интерпол. Тој бил лишен од слобода и предаден во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.

Ден порано, на 17.07.2019 во 18.50 часот на граничен премин „Богородица“, полициски службеници го привеле Т.Г.(37) од Република Албанија, бидејќи се наоѓа на листата со мерка „Апси“, по меѓународна потрага од Интерпол. Тој бил предаден во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.

На 04.07.2019 година во 14.30 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, при пасошка контрола било констатирано дека лицето J.M.(32) од Република Србија се наоѓал на листата со мерка „Апси“ по барање на Интерпол – Швајцарија. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.

На 15.06.2019 година во 16.10 часот во хотел во Струмица, врз основа на барање од Интерпол, од слобода бил лишен бугарскиот државјанин Т.Н.И.(63). Лицето било задржано во полициска станица за понатамошна постапка.

Останува прашањето дали сите овие лица бараат прибежиште во земјава или пак се само на минување. Како и да е, очигледно е дека безбедносните служби имаат полни раце работа и со криминалци од странство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Управата за водење на матичните книги вработува пет лица, плата до 26.257 денари

Редакција

Српската „Кедра“ го доби мултимилионскиот тендер на ЕЛЕМ за набавка на резервни делови за РЕК Битола

Редакција

(Видео) Нова песна и спот на Brass Brothers – „Take my Hand”

Редакција