еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Македонското здружение на млади правници ја тужи Владата и Град Скопје заради загадениот воздух

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) денеска информира дека во јули 2019 година поради континуираното аерозагадување, поднесе тужба пред Граѓанскиот суд во Скопје против Владата на РСМ, Министерството за животна средина и Град Скопје за утврдување на повреда на правото на здрава животна средина, правото на здравје, право на приватност на личен и семеен живот и неповредливоста на домот и преземање на мерки.

„Со тужбата се бара утврдување дека тужените ги повредиле правото на здравје, правото на здрава животна средина, право на приватност, на личниот, семејниот живот и правото на неповредливоста на домот затоа што од периодот од 2007 до 2018 година, не преземале неопходни мерки и активности согласно законските должности  за справување со аерозагадувањето и редуцирање на PM 10 честичките во амбиентиот воздух.

Здружението побара да се утврди и дека од 2013 до 2018 не се преземени неопходни мерки за да не се надминат гранични вредности на PM 2.5 честичките.

Се тужбата исто така, се бара ревидирање на законските и подзаконските акти со цел постигнување на хармонизација на националната легислатива со директивата на ЕУ 2008/50/ЕК, овозможување на систем на непречена размена на податоци, воведување на санкции/казни на централно и локално ниво поради неусогласеност со целите и политиките за квалитет на воздух, да се обезбеди буџет за работењето на мерните страници и други мерки за подобрување на квалитетот на амбиентиот воздух“, информираат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меркел вели Македонија и Албанија ги исполнија условите за членство, според Рама двете земји се заложници на национализмот во ЕУ

Редакција

И Холандија го ратификуваше Протоколот за НАТО, останаа уште Франција и Шпанија

Редакција

„Телекабел“ влегува на пазарот за мобилна телефонија, без обврзувачки договори

Редакција