еМагазин
Image default
Македонија

Макфакс: Поранешната судијка Виолета Дума го советува Заев за 40 илјади денари

Макфакс објави дека поранешната судијка Виолета Дума, која поднесе оставка, па беше разрешена како член на Државната изборна комисија (ДИК) поради бонусите, го советува премиерот Зоран Заев за правосудството за месечен надомест од 40 илјади денари.

„Виолета Дума е ангажирана во кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија како надворешен соработник за правосудство, со посебни знаења и искуства од областа на судството и правосудниот систем, со договор во времетраење од 20.7.2018 до 20.7.2019 година. Износот на месечни примања за нејзиниот ангажман изнесува 40.000 денари“, велат од Владата за Макфакс.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владиниот авион принудно слетал на Скопскиот аеродорм

Редакција

Македонската министерка Петровска во Бугарија, ја пречека бугарскиот колега Заков

Редакција

Поради бегството на Мемети разрешен директорот на Управа за извршување на санкциите Марјан Спасовски

Редакција