еМагазин
Image default
Бизнис

„Макпетрол“ и Андреја Јосифовски ќе се „офајдат“ од дивидендата од „Оилко“

Оилко КДА Скопје преку Македонската берза соопшти дека за минатата година ќе исплати дивиденда во бруто износ од 260 денари по акција.

Според ревидираниот извештај, акционерскиот капитал на компанијата на крајот од 2019 година е поделен на 250.923 акции. Од нив, во сопственост на Макпетрол се 89.353 акции или 35,6 отсто од вкупниот капитал, а 37.600 акции или 15 отсто од капиталот е во сопственост на Адреја Јосифовски, кој е прв човек на Макпетрол и комплементар во Оилко.

Останатите акционери имаат под 5 отсто поединичено учество во вкупниот капитал и поседуваат 123.982 акции или 49,4 отсто од вкупниот капитал.

Математиката покажува дека Макпетрол ќе добиe дивиденда од Оилко за 2019 година во бруто износ од 23,2 милиони денари (377.000 евра), а Андреја Јосифовски ќе добие дивиденда во бруто износ од 9,7 милиони денари (158.000 евра).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Оилко“ ќе исплати дивиденда во бруто износ од 260 денари по акција

Тројца менаџери на Оилко лани имале примања од 80.000 евра

„Оилко“ ја зголеми добивката за 111%

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 4.000 граѓани и фирми на УЈП и должат 145 милиони евра

Редакција

Цветан Панделески избран за претседател на Одборот на директори на „ЗК Пелагонија“

Редакција

Клиниката за гинекологија вработува 38 лица, плата до 24.000 денари

Редакција