еМагазин
Image default
Бизнис

„Макпетрол“ за новата цена на горивата: РКЕ не сака да се откаже од дополнителни зафаќања кај акцизата

Согласно нашите пресметки, за наредната недела очекувавме цени пониски за 0,5 денари по литар кај сите деривати, од објавените во Одлуката од страна на Регулаторната комисија на Република Северна Македонија (РКЕ), реагираат од „Макпетрол“ за новите цени на горивата, пресметани според новата методологија на РКЕ.

„Веднаш ја уочивме разликата, која не произлегува од движењето на цените на нафтените деривати на светските берзи во изминатиов период, туку во основа разликите произлегуваат од механизмот на заокружување со малопродажните цени на нафтените деривати, во новата одлука и правилникот на РКЕ.

Да појасниме, во услови кога слободно беа формирани цените, ова заокружување како во позитивна  така и во негативна насока се случуваше кај трговската маржа. Но, во случај кога повторно РКЕ ја формира и одредува цената на нафтените деривати заокружувањето повторно се пресметува, додава кај акцизата но само во позитивен правец.

Се поставува прашањето кој стравуваше од механизмот на слободно формирање на цени? Кој и зошто ја наметнуваше тезата во јавноста дека цените во услови на слободно формирање ќе дивеат?  Нам како трговци, одговорот ни е јасен.

Во овој случај, очигледно РКЕ по налог или во соработка со Министерството за финансии, не сака да се откаже од дополнителни зафаќања кај акцизата, за сметка и во корист на потрошувачите и компаниите во земјава“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поевтинуваат горивата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Макошпед во првите шест месеци со зголемена добивка

Редакција

Маја Аргировска разрешена од Управниот одбор на ПИОМ по нејзино барање

Редакција

„Пелистерка“ оствари добивка од 8,9 милиони денари за девет месеци

Редакција