еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Макпрогрес“ донираше производи за децата од СОС Детско Село

„Макпрогрес“ донираше производи во меѓународната невладина организација за социјална заштита на децата – СОС Детско Село Македонија. Донирани беа пакети со храна од широката палета на производи од брендовите: Сончева Долина, Армониа, Натура и Винчини, на своите штитеници во СОС Детското Село – Македонија.

Овие пакети ги добија сите 12 семејства кои живеат во 12 – те куќички во склоп на комплексот. Со овој гест, „Макпрогрес“ уште еднаш покажа дека е вистински пријател со срце на децата од СОС Детско Село со приоритет, како општествено одговорна компанија, подобрување на условите и квалитетот на живеење на загрозените категории граѓани во Република Македонија.

„Оваа донација е резултат на нашата соработка со СОС Детско Село. Преку низа вакви гестови, сакаме на дечињата да им покажеме дека секогаш ни се во мислите и дека се грижиме за нив и нивната благосостојба. Она што можеме, е да им овозможиме богата и разновидна трпеза во топлината на нивните домови и СОС семејства. Се надеваме дека тие ќе уживаат во здрави и вкусно приготвени оброци и десерти, а ние и понатаму ќе уживаме во нивното друштво и заеднички активности“, изјавија од Макпрогрес.

СОС Детско село Македонија е дел од големото семејство на меѓународната организација СОС Детски села интернационал. Главната дејност е насочена кон поддршка на деца без родители и родителска грижа, деца и семејства во социјални ризици, како и активности во полето на социјалната заштита.

Во организацијата СОС Детско Село згрижените деца добиваат можност да растат во заедница каде наоѓаат сигурност, љубов и топлина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претставен новиот атрактивен визуелен идентитет на автентичниот бренд „Luda Mara“

Редакција

Со донација на повеќе од 300 илјади денари dm drogerie markt го одбележа Меѓународниот ден на децата

Редакција

А1 Македонија е добитник на наградата Best Buy за најдобар сооднос на цена и квалитет за мобилен интернет

Редакција