еМагазин
Image default
Бизнис

„Макпрогрес“ на FMCG самитот во Скопје

„Макпрогрес“ беше дел од FMCG самитот во Скопје – најголемата регионална конференција за трговија со стока за широка потрошувачка. Компанијата имаше свои учесници на самиот настан, презентациско претставување на своите шест бренда како и производи кои за присутните беа одлична закуска за време на паузите.

Овој самит е ексклузивно случување во трговскиот сектор во Македонија и е централно место кое ги поврзува трговците, произведувачите и дистрибутерите.

„Веќе петта година сме учесници и поддржувачи на настанот затоа што силно веруваме во можноста за инспирација, размена на искуства и идеи од овој настан. И годинава ги потврдивме очекувањата. Имавме можност слушнеме одлични презентации од големите играчи на динамичниот FMCG пазар и да понесеме нова визија за унапредување на процесите на работење“, истакна Марина Наскова од „Макпрогрес“.

FMCG самитот во Скопје се оддржа на 16 мај во хотелот Александар Палас а го посетија повеќе од 350 учесници од над 130 компании од земјава. Организатор и оваа година беше магазинот InStore.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уставен ја “замрзна“ изградбата на бензиската на „Пуцко петрол“ во скопски Карпош

Редакција

Во октомври годишен раст од 8,1% на депозитите и 6,7% на кредитите

Редакција

По третпат се продава топланата Скопје Север

Редакција