еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Макрадули: Министерството никогаш не издало лиценца на „Дрисла“ за увоз на отпад

За „Дрисла“ треба да се применат најдобрите светски пракси и во нашата држава да имаме сигурен капацитет, оценува заменик министерот во Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Јани Макрадули кој истакна дека Министерството никогаш на „Дрисла“ не им издало лиценца за увоз на отпад.

-Конечно после две години градоначалникот на градот Скопје, Петре Шилегов успеа на градот да му го врати тоа што е на Градот Скопје. Тоа што требаше да биде „Дрисла“ за жал не се реализира и сега градот ќе стопанисува, а јас лично мислам дека грев e „Дрисла“ да биде место во кое што само ќе се депонира отпад, ќе се става отпад и тој ќе расте нагоре.

Ако во западноевропските земји постојат 445 станици, фабрики за преработка на отпад кој генерира енергија, мислам дека и ние треба да ги следиме најдобрите светски пракси, и во нашата држава да направиме сигурен капацитет. Како што е познато ние во јавноста објавивме дека ние како МЖСПП не сме издале нити една лиценца за увоз на отпад на претпријатието или компанијата „Дрисла, изјави Макрадули одговорајќи на новинарско прашање.

Тој појасни дека во Македонија не може да се увезе отпад за да се чува, а бидејќи во „Дрисла“ отпадот може само да се чува, тоа значи дека такви лиценци не може да се издадат.

-Во Македонија може да се увезе отпад само ако се преработува, а не да се прават нови ридишта со отпад и затоа не постои дозвола за „Дрисла“ да увезува, потенцира Макрадули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Коста Начевски назначен за в.д. директор на „Дрисла“

Шилегов: Легално во земјава не е внесен опасен отпад, но треба да се провери

Фото: Дрисла

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопје труе на чад

Никола Осило

Почвата во Велес и околината и натаму загадена, предизвикувач е ридот со згура од тешки метали кај Топилницата

Редакција

Македонското здружение на млади правници ја тужи Владата и Град Скопје заради загадениот воздух

Редакција