еМагазин
Image default
Бизнис

Макрадули не гледа конфликт на интереси во тоа што фирма на неговата сопруга добила државни тендери

Порталот Лидер објави дека компанијата во „Опен мајнд солушнс“ каде еден од сопствениците е сопругата на заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, Маја Трендафилова Макрадули, добила девет државни тендери во износ од околу 90 илјади евра, откако тој е назначен на функцијата.

Фирмата, каде неговата сопруга има 25% сопственички удел, добила тендери од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделство и рурален развој, Јавно претпријатие за државни патишта, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност…

Макрадули за телевизијата Телма вели дека нема ништо спорно во тендерите и работењето на фирмата на неговата сопруга. Тој тврди дека оваа фирма добивала тендери и во 2010 и 2013 година за инсталирање на софтвери и додава дека министерството во кое тој работи не соработувало со оваа фирма и поради тоа нема конфликт на интереси.

Фото: Фејсбук/Макрадули

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија ќе го ограничи извозот на јајца

Редакција

Скопје ќе има парно без разлика дали ќе работи ТЕ-ТО или не, уверува Бектеши

Редакција

Македонија во 21 век: Половина од вкупниот број фирми немаат веб-страница

Редакција