еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Макрадули: Со палењето на бадниковите огнови, не треба да се има дилема кој најмногу загадува

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули чие што матично министерство упати апел да не се палат огнови, по палењето на бадниковите огнови синоќа, на неговиот Фејсбук профил објави фотографија од зголемени вредности за загаден воздух.

„Пагански или не, од вечерниве огнови може да заклучиме нешто. Очигледно не треба да се има дилема кој најмногу придонесува во создавањето на ПМ честичките.

И каде треба да се бара решението. А тоа е замена на греењето со дрва и други додатоци во нив. Затоа брзо ќе отвориме повик за замена на греењето со дрва заедно со дефинирање на зони на ниска емисија“, напиша Макрадули на Фејсбук.

И покрај апелот на надлежните, граѓаните синоќа во повеќе општини во Град Скопје запалија огнови.

Фото: Фејсбук/Макрадули

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Туристи ќе можат да ја посетуваат Меѓународната вселенска станица

Редакција

Сакаш да се вработиш во МЕПСО: Во Златна книга 11 фирми што вршат обуки за фризери

Редакција

Кандидатот на СДСМ Константин Георгиески извесен победник на предвремените избори за градоначалник на Охрид

Редакција