еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Макрон отворено ја насочува ЕУ кон Кина наместо кон САД?

Не престануваат реакциите кај домашната и во европската јавност по интервјуто на францускиот претседател Емануел Макрон за британски Економист, но и по неговата посета на Кина каде склучи економски договори вредни милијарди евра.

Западот остана вџашен по изјавата на Макрон дека НАТО е на умирање, а Европа е на раб на бездна. Францускиот претседател отворено ги предупреди членките на ЕУ дека веќе не можат да се потпираат на САД, како и дека НАТО е во клиничка смрт.

Од друга страна, неодамна Кина и Франција потпишаа договори во вредност од 15 милијарди долари за време на посетата на Макрон на Пекинг.

Договорени беа проекти од областа на воздухопловството, енергетиката и земјоделството, а 20 француски компании добија зелено светло за извоз на говедско, свинско и месо од живина во Кина.

Станува збор за огромни зделки кои досега беа несфатливи за земји членки на ЕУ.

Имено, единствен поголем инфраструктурен проект на кој работи државна кинеска компанија во земја членка на ЕУ е оној во Хрватска за изградба на Пељешки мост кој треба да ги поврзе двата дела на оваа земја.

Никој во ЕУ не беше воодушевен што кинеската компанија понудила 100 милиони евра пониска цена на тендерот од европските конкуренти и што довела свои работници да го градат мостот.

Но, со новите зделки на Франција станува очигледно дека Макрон, кој претендира да биде новиот европски лидер отворено ја кани Кина во ЕУ. Во тоа, му олеснува и американскиот претседател Доналд Трамп кој ги заостри економските односи и со ЕУ и со Кина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кристофер Хил: Макрон го предаде Балканот

Макрон: Северна Македонија не ги плаши луѓето, половина земји членки на ЕУ се против старт на преговори со Албанија

„НАТО е клинички мртов“, вели Макрон, Русија го поздрави

Пендаровски во вторник на средба со Макрон во Париз

Фото: South China Morning Post

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цената на храната догодина ќе биде енормно висока, вели Ковачевски

Редакција

ДУИ прифати да не биде дел од владата што би се формирала по усвојувањето на уставните измени

Редакција

Кој е Трајче Пеливанов, кој привремено ќе ја замени Вилма Русковска

Редакција