еМагазин
Image default
Македонија

Максим Димитриевски: Моето исклучување од СДСМ е желба на поединци

По денешната изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со реакција се јави, актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев најави исклучување на Максим Димитриевски од СДСМ

“Денешниот став на претседателот на СДСМ, Зоран Заев дека ќе бидам исклучен на следната седница на Централниот одбор на партијата докажува дека вчерашниот став на секретарот Николовски дека сум се самоисклучил не е вистина, и го потврдува мојот став дека формално правно сум се уште член на СДСМ.

Вистинските социјалдемократи секогаш ја говорат вистината и не се служат со манипулации и инсинуации.

Прашувам како однапред раководството на СДСМ можело да ги предвиди одлуките на Централниот одбор пред тие да бидат донесени. Дали за ваква внатрепартиска демократија се боревме?

Јас нема да дозволам во моето општествено делување демократијата да биде само формална, туку така ќе биде практикувана и во реалност.

Како и да се произнесат партиските органи, јас по убедување бев, сум и ќе бидам социјалдемократ и тврдам дека евентуалната одлука за исклучување е плод на желбите и суетите на поединци на раководството на СДСМ.

Како инаку би го објасниле фактот дека стотици членови, активисти и симпатизери ја потпишаа граѓанската иницијатива за моја кандидатура. Зарем и нив ќе ги исклучат?

Во едно се сложуваме со господинот Заев. Кумановчани знаат што е најдобро за нив, и сигурен сум дека на 17 октомври тоа јасно ќе го покажат поддржувајќи ја граѓанската иницијатива „За Наше Куманово“ со имплементирање на реална демократија во пракса“, стои во неговата реакција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Максим Димитриевски ќе се трка за градоначалник на Куманово како независен, не очекува да биде исклучен од СДСМ

Фото: Фејсбук/Димитриевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во соработка помеѓу македонските и германските служби во Германија запленета марихуана вредна над 100.000 евра

Редакција

Османи вели дека е обезбедено двотретинско мнозинство за уставните измени

Редакција

За време на викендот локализирани десетина пожари

Редакција