еМагазин
Image default
Бизнис

„Макстил“ со намалена добивка

„Макстил“ АД Скoпје за периодот јануари – јуни 2019 година оствари вкупни приходи од 2.578.233.291 денари. Истиот период лани приходите изнесувале 2.939.577.231 денари, што е намалување од 12,3%, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Добивката пред оданочување за првите шест месеци од годинава изнесува 1.932.536 денари, и споредено со 2.454.947 денари добивка во првото полугодие од минатата година, таа бележи намалување од 21,3%.

Компанијата во првите шест месеци од годинава остварила нето добивка од 1.210.171 денари, и споредено со 1.810.397 денари нето добивка истиот период минатата година, истата бележи намалување од 33%, соопшти компанијата.

„Што се однесува до очекувањата за второто полугодие, се уште е присутна загриженоста заради количинските ограничувања на увозот на челичните  роизводи на пазарите на земјите членки на ЕУ, што може да претставува сериозен лимитирачки фактор заради можното исцрпување на глобалните квоти во последниот квартал, како и високата царинска заштита на американската администрација за увозот на челични производи“, информираат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема простор за никаква паника, има доволно нафта и нафтени деривати, вели Бектеши

Редакција

„Македонија пат“ склучи договор за набавка на сол со „Димакс рудници“ вреден 149 милиони денари

Редакција

Владата одлучи: Угостителските објекти ќе работат до 23 часот, се ограничува капацитетот во јавниот превоз

Редакција