еМагазин
Image default
Бизнис

Солидарниот данок ја намали добивката на Макстил

Макстил АД – Скопје за периодот јануари – септември 2023 година оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираните поединечни финансиски извештаи, информираат од таму преку Македонската берза..

-Во овој период се остварени приходи од работење во износ од 6,33 милијарди денари, од кои приходите од продажби како носечка ставка во структурата на вкупните приходи учествуваат со дури 99%.

Споредено со истиот период од 2022 остварените приходи од работењето (8,27 милијарди) се пониски за 24%. Намалените приходи воглавно се должат на намалувањето на продажните цени на нашиот готов производ, како и соодносот помеѓу дирекната продажба на Макстил и договорите за преработка.

Во првите девет месеци од работењето остварените расходи изнесуваа 5,88 милијарди денари, од кои трошоците за производство се носечка ставка и во структурата на вкупните расходи учествуваат со 93%.

Споредено со истиот период во 2022 година остварените расходи од работењето (7,13 милијарди денари) се пониски за 18%, што воглавно се должи на намалувањето на трошоците на енергенсите и влезните материјали во текот на овој период

Добивката пред оданочување во извештајниот период е 69 милиони денари и е значително пониска од остварената во истиот период од 2022, додека нето добивката изнесува 56 милиони денари, значително пониска од остварената во истиот период во минатата година.

Намалувањето на добивката во голема мера се должи на извршената задолжителна исплата на солидарниот данок во износ од 257 милиони денари, којшто беше пресметан во септември 2023 и кој не произлегува од оперативното работење на компанијата.

Дополнително, намалувањето на добивката во текот на овој пресметковен период во однос на остварената во текот на истиот период од минатата година се должи и на пониските продажни цени на готовиот производ.

Во последниот квартал од годинава не се очекуваат позначајни промени во делот на продажните цени и трошоците за производство, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макстил со четирикратно пониска добивка во првото полугодие

Макстил во првиот квартал со намалена добивка

На двајца членови на Одборот на директори на Макстил лани исплатени 9,6 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тетовски Интерпромет лани со загуба

Редакција

Колкави трошоци лани имале 24 ТВ и Наша ТВ

Редакција

РКЕ почна постапка за одземање на лиценците на БЕГ

Редакција