еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Малата Теодора родена со тежина од само 800 грама успешно закрепна и си замина дома

Предвременото породување станува се почеста појава во нашата земја, но за разлика од порано кога ризикот за ваквите бебиња беше огромен, сега со професионалниот капацитет и грижата во Zan Mitrev Clinic ваквите случаи имаат многу поголеми шанси успешно да ги пребродат почетоците.

Пример за тоа е малата Теодора која деновиве замина дома со нејзините родители. Таа е предвреме родена, во 25 тата гестациска недела од бременоста и тогаш тежела само 800 грама.

По два месеци поминати на Клиниката за Гинекологија и акушерство Теодора е префрлена на Одделот за интензивна нега во Zan Mitrev Clinic.

Тешка одвај еден килограм, во незавидна состојба, со инфекција и на машина за дишење, Теодора го започна својот престој на овој одделот во Клиниката.

Полека следуваше подобрување на состојбата.

Таа постепено почна да се храни и да напредува и по еден месец здрава и тешка 1.700 грама заминува дома со родителите.

Пред неа е долг пат на растење, ама овој мал борец успеа за три месеци ја добие најтешката битка. И посакуваме среќно детство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште четири лица од корона вирусот, вкупно 527

Редакција

(Видео) Со избричени глави осомничените за убиството на Вања и Панче

Редакција

Доктор Беќаровски со совет: Во недостиг на клексани, која храна помага против згрутчување на крвта

Редакција