еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Малешевијата станува атрактивна дестинација за планински велосипедизам

Планинарско спортскиот клуб „Малешевска Корија“ од Берово ги промовираше постигнатите резултати од потпроектот „Малешевска Корија – планински велосипедизам дестинација“ како дел од туристичката дестинација Малешево и околината што беше поддржан во рамките на „Проектот за локална и регионална конкурентност“.

Гостите на настанот имаа можност да возат велосипед во организирана група придружувана од обучени водичи, да уживаат во убавините на Малешевијата, да прошетаат околу Беровското Езеро, да го посетат манастирот Св. „Архангел Михаил“ и да ја погледнат презентацијата на работилницата за изработка на високо квалитетни мозаици.

Присутните уживаа во вкусовите на традиционалната храна подготвена со производи од малешевското поднебје на локалните производители.

Цели на потпроектот се да се подобри локалната туристичка понуда за планински велосипедизам, да се поттикнат здрави животни навики и активности за грижа и почит кон планината, да се зголеми бројот на дојдовни туристи во Малешевијата, јакнење на економијата и намалување на иселувањето на младото население.

За да се постигнат овие цели набавени се 25 велосипеди за деца и возрасни и соодветна опрема за планински велосипедизам, обучени се водичи за спроведување велосипедски тури во планина, набавена е го-про камера за креирање на промотивни видеа и слики, изработен е промотивен материјал, изработена е веб страна (adventuresmacedonia.com) преку која сите заинтересирани можат да се информираат за услугите и понудите и која обезбедува насоки за индивидуално користење на велосипедските патеки.

„Реализирањето на овој потпроект, набавените 25 планински велосипеди и опрема за туристичко изнајмување, е со цел подобрување и збогатување на туристичката понуда на Малешевијата, на кое јас како претседател на ПСК „Малешевска Корија“ (6 години) и генерален менаџер на хотел Манастир, Берово (15 години), работам многу посветено, создавајќи континуирано нови туристички искуства и понуди.

Сето ова води кон нашата крајна цел, а таа е зголемен број на дојдовни туристи во Малешевијата, што имплицира јакнење на економијата и апропо намалување на иселувањето на младото население од овој прекрасен планински рај“, истакна Муцунска, претседател на планинарско спортскиот клуб „Малешевска Корија“ – Берово.

Преку поддршката на Проектот за локална и регионална конкуретност асоцијациите кои работат во областа на туризмот ја збогатуваат македонската туристичка понуда и ги промовираат природните убавини и атракции со кои располага нашата држава.

Потпроектите за асоцијации опфаќаат активности за промоција на македонската туристичка понуда, градење капацитети на вработените во туристичкиот сектор и збогатување на туристичката понуда, меѓу другото и преку набавка на опрема за изведување активности на отворено.

Проектот за локална и регионална конкуретност е водечки проект за развој на туризмот во државата.

Преку проектот поддржани се 60-тина потпроекти кои ги спроведуваат општини, микро и мали претпријатија, како и асоцијации кои работат во областа на туризмот, а кои имаат за цел создавање на туристички производи во сите 10 туристички дестинации, кои се од суштинско значење за подобрување на впечатокот на туристите кои ја посетуваат државата.

Фото: adventuresmacedonia.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адора инженеринг донираше финансиски средства за настраданите во земјотресот во Турција и регионот, со порака за хуманост и човечност кога е најтешко

Редакција

Убава вест: Собрани се средствата за деветмесечната Илина која замина на лекување во Турција

Редакција

NLB Pay – прв и единствен мобилен паричник на пазарот кој ги интегрира Visa и MasterCard картичките

Редакција