еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Малку ли Ви се 222 починати за да почнете да верувате дека корона вирусот постои и да ги почитувате мерките?

Бројот на починати, како и бројот на новозаразени од корона вирусот во Македонија продолжува да расте. Заклучно со вчерашните податоци бројот на починати се искачи на 222 лица, а вкупната бројка на заразени со вирусот изнесува 4.820, од која активни случаи се дури 2.735.

Починатите наши сограѓани најмалку се само бројка. Тоа се нечии мајки, ќерки, сестри, татковци, браќа, синови…

Поразувачко е што и понатаму дел од граѓаните не ги почитуваат мерките, па така во дневните извештаи на Министерството за внатрешни работи секојдневно се регистрираат стотици лица низ земјава кои не носат заштитна маска таму каде што треба, а секојдневно расте и бројот на граѓани кои не ги почитувале мерките за изолација или самоизолација.

Уште пострашно е што многу наши граѓани одбиваат да примат решенија за самоизолација, па нивните имиња ќе треба јавно да се објавуваат.

Моментално станува збор за дури 450 такви лица, кои се огромен ризик ако се без симптоми на вирусот и доколку се движат помеѓу луѓе и не ја почитуваат мерката за самоизолација, може насекаде да ја шират болеста и се потенцијална „бомба„.

Други граѓани пак не ги даваат контактите, трети даваат лажни податоци за адресите, телефонските броеви…, четврти не се откажуваат од семејни слави, прослави на родендени, матурски…, па дури и се фалат по социјалните мрежи за истите, што дополнително ги иритира граѓаните кои цело време ги почитуваат мерките и мислат не само на себе и своите семејства, туку на сите нас.

„Најтешка“ категорија се граѓаните, чиј број не е мал, што не ни веруваат дека вирусот постои. Што треба на овие граѓани да им се случи за да почнат да веруваат? Да им почине некој член од семејството и да не можат дури на погреб да му отидат?

Толку ли е тешко неколку минути таму каде што треба, да се носи маска? Сте се прашале ли како им е на здравствените работници кои по цел ден мора да ја носат маската и целата таа опрема.

Толку ли е тешко за некое време да ги одложите прославите? Каква е таа прослава кога на истата постои голема можност да ги заразете со вирусот тие што најмногу ги сакате?

Свесни ли сте дека со лажни податоци не само што го загрозувате сопствениот, туку и животот на своите најблиски и на пријателите?

Во ред е. Епидемијата со корона вирусот не Ви е проблем и не Ви е гајле за другите. Но, не заборавајте дека голема е веројатноста веќе утре на сопствена кожна да почуствувате што е и како е.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Штипјанец и двајца кочанци завршија во државен карантин поради непочитување на мерките за изолација

Поради лажните податоци и непримањето на решенијата за самоизолација и во наредните 10 до 15 дена ќе има голем број заразени со Ковид-19

Филипче: Најдоцна утре јавно ќе бидат објавени имињата на луѓето кои не сакаат да примаат решенија за самоизолација

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Следете во живо) За продолжениот викенд Македонците во „поход“ на Грција

Редакција

Топ пет најголеми должници кон УЈП: ТЕ-ТО убедливо на врвот

Редакција

Како и на кој начин ќе стартува вакцинирањето: Прв ќе биде медицинскиот персонал од Инфективна клиника

Редакција