еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Малку ни се 25 министри, ќе имаме уште еден

Иако пред да дојде на власт, СДСМ ветуваше 20 министри, со тенденција за намалување на нивниот број, наскоро во македонската Влада ќе има 26 министри, што реално неможат да го издржат многу поразвиени земји од нашата, а камоли Македонија, која важи за сиромашна и за која не се знае дали има и два милиони жители.

Имено вчера Собранието со двотретинско мнозинство ги усвои Законот за Влада и Законот за организација и работа на органите на државната управа, со што се отвора патот на новото министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Законот што помина во второ читање, предвидува трансформирање на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор во ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Колку оваа ново министерство е навистина потребно или ќе биде само нов параван за партиски вработувања и секако „тезгарање“ за поделба на власта, на сметка на граѓаните, ќе видиме за многу брзо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собранието со двотретинско мнозинство го усвои законот за новото министерство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Познато кои видови на овошје и зеленчук ќе бидат со замрзнати цени: Домати, краставици, кромид…

Редакција

Министерство за образование и наука склучи договор со Хилдин комерц вреден 1,7 милион евра

Редакција

Убава вест: Оздравени 676 болни од Ковид-19

Редакција