еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Малолетници со ножеви повредиле тројца на прославата на ДУИ на плоштадот „Скендербег“

На 03.06.2022 во Полициската станица Бит Пазар биле приведени три малолетни лица, од кои двајца од Арачиново на возраст од 15 и 16 години и едно лице на возраст од 17 години од Скопје. Тројцата на плоштадот „Скендербег” во Скопје околу 23.00 часот, каде се одржувал јавен собир организиран од политичката партија, пред завршување на настанот, го нарушиле јавниот ред и мир со физичката пресметка со друга група на лица, а биле употребени и остри предмети, велат од МВР

Во Градската општа болница „ Св. Наум Охридски” биле донесени со повреди од остар предмет 15 годишник од с.Арачиново, Г.С. (20) од с.Танушевци и А.Н.(20) од с.Брест.

Од малолетниците кои биле приведени биле одземени два ножа.

По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Да ставиме и македонско знаме? Ма не мора само Вие гласајте„ : Твитер се „вжешти“ за посетата на Пендаровски на Мала Речица

Редакција

Груби не знаел за бизнисите на внукот на Ахмети

Редакција

Само во Македонија: Затвореник од Идризово „глумел“ директор и нарачувал стока преку телефон

Редакција