еМагазин
Image default
Локално

Малолетник заврши во болница по пресметка со нож во автобус кај Транспортен центар

На 30.01.2020 околу 13.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус бр.67, кај Транспортен центар во Скопје, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца 17 – годишници од с.Моране и од с.Студеничани, скопско, информира МВР.

Според пријавеното, малолетникот од Моране со остар предмет му нанел повреди на малолетникот од Студеничани.

По настанот, повредениот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош, а напаѓачот бил лишен од слобода и приведен во Полициска станица Аеродром. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

26-годишен кумановец загина во сообраќајна несреќа

Редакција

(Видео) Снег од неколку сантиметри во скијачкиот центар Попова Шапка

Редакција

Нападнат кошаркарски судија во Скопје

Редакција