еМагазин
Image default
Локално

Малтретирал жена и нејзиното семејство на социјалните мрежи бидејќи сакал љубовна врска

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Р.(46) од с.Синичане, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“, „загрозување на сигурноста“ и „присилба“, информира МВР.

Пријавениот, во текот на 2019 на социјалната мрежа „Фејсбук“ отворил лажен профил на корисник на име на 46 годишна жена и од него обработувал и објавувал слики од оштетената.

Пријавениот, преку апликацијата „Вибер“, од два мобилни броја, на оштетената, на нејзиниот сопруг и на  целото нејзино семејство им испраќал слики и текстови со вулгарна и недолична содржина и упатил сериозни закани по животот на оштетената и животите на нејзиното семејство, со цел да ја присили да биде со него во љубовна врска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Земјотрес од 3,1 степени според Рихтер во реонот на Охрид

Редакција

Кривична пријава за сопственик на угостителски објект кој работел по полноќ

Редакција

Град Скопје ги објави повиците за субвенции за купување велосипеди и електрични тротинети

Редакција