еМагазин
Image default
Македонија

Манчевски: Да се повлечат блиските на функционерите и од власта и од опозицијата

Ургентно решение за надминување на проблемот со непотизам при вработувањата е веднаш да се повлечат и вработените кои се блиски на функционерите од сегашната, но и од поранешната власт,  оцени денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

– Ги повикувам сите и од власта и од опозицијата, нагласувам и многуте илјадници од опозицијата. Сите податоци, и за едните и за другите, ќе ги доставиме до Државната комисија за спречување на корупцијата, најави Манчевски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата за новиот закон за инспекциски надзор.

Прашан зошто во изминатите две години не алармирале за вработувањата на блиски лица до функционерите од поранешната власт, Манчевски рече дека со години наназад реагирале и објавувале такви информации, но јавноста не била толку гласна, а не реагирале ниту функционерите, ниту Антикорупциската комисија.

– Ние во јавноста години наназад реагиравме и дававме информации за блиски луѓе и роднини на сегашната опозиција, а тогашна власта. Да бидам искрен, јавноста претходно не беше толку гласна и немаше никаква реакција од тогашните функционери. Оттогаш помина време, ниту тие преземаа чекор, ниту Државната комисија за спречување на корупција која постоеше тогаш, па едно време не постоеше. Но, сега постои и се надевам дека конечно ќе преземе чекори, ќе ги види сите реални настапи во кои сме давале конкретни примери, но и ќе ги доставиме повторно ако треба, и оти ќе си преземе чекори за сите подеднакво, рече Манчевски.

По реакциите во јавноста за непотизам премиерот Зоран Заев повика да се повлечат лицата блиски до функционерите кои добиле вработувања. Најави и дека ќе направат анализа на сите такви вработувања и оти проблемот ќе се решава со помош на граѓанскиот сектор. Со законот  за високораководна служба што е во подготовка треба да се промени начинот за избор на лицата на високите позиции во администрацијата со вклученост на граѓанскиот сектор и универзитеите во комисиите кои ќе вршат избор и бодување на кандидатите.

– Да бидам искрен, проблемот е таму, во раководната служба, ако раководителот не се согласи на нешто нема да се случи и нема да може да се врши притисок. Почнуваме од врвот и овој принцип ќе следи и понатаму, изјави министерот Манчевски.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Дека“ е Мира Дизел?

Заев за Бектеши: Секој со својата одговорност

Заев не сакал да биде ист како претходната власт, па ќе бара чаре за партиските вработувања

Синот на пратеникот Мисовски поднесе оставка поради „хистеријата“ во јавноста за неговото вработување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

22 лица биле на возраст од 40 до 59 години: За една недела 211 смртни случаи од Ковид-19

Редакција

(Фото) Османи и врвот на ДУИ на свеченост кај донаторот Адеми, кој го доби милионскиот тендер на МНР

Редакција

Димитров: Со Коѕијас постигнавме нешто што беше невозможно

Редакција